Skip to main content

Концерт на Мишел Камило со Националниот џез оркестар во Скопје

Националниот џез оркестар вечерва во Макдонската филхармонија во 20 часот ќе одржи концерт со еден од најзначајните пијанисти и композитори на светската џез-сцена Мишел Камило, добитник на Греми, три Латински Греми и Еми признание.

Камило ќе настапи со неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас и Марк Валкер на тапани. Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Доминиканскиот пијанист и композитор Мишел Камило, ја воодушевува светската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, препознатливиот музички израз и експлозивната латино-џез енергија. Неговото творештво претставува уникатен спој на џез, класична музика и карипски ритми, а неговата кариера е исполнета со бројни меѓународни признанија, соработки и настапи на најпрестижните светски сцени.

Концертот, како што најавуваат од Националниот џез оркестар претставува посебна можност за македонската публика да доживее музичка средба со еден од водечките светски џез-уметници, во програма што ветува виртуозност, динамика, импровизација и препознатлива латино-џез енергија.

Поврзани вести