Skip to main content

ЕУ ја зголеми прогнозата за економски раст, додека инфлацијата останува висока

Се очекува економијата на Европската Унија да расте побрзо во 2026 година отколку што беше претходно прогнозирано, додека инфлацијата продолжува да се зголемува, се наведува во економската прогноза на Европската комисија објавена денеска.

Комисијата сега очекува бруто-домашниот производ (БДП) низ 27-члениот блок годинава да порасне за 1,4 проценти, што е зголемување во однос на 1,1 процент проектирани во мај.

Подобрената прогноза е поттикната од стабилната потрошувачка и остриот пораст на извозот на стоки, потпомогнат од инвестициите во вештачка интелигенција (ВИ) и инфраструктурата за електрификација, соопшти Комисијата.

Се проектира растот на ЕУ да остане стабилен на 1,4 проценти во 2027 година, пред благо да се искачи на 1,5 проценти во 2028 година.

Во меѓувреме, годишната инфлација во ЕУ „се предвидува да достигне 3,3 проценти во 2026 година и 3,2 проценти во 2027 година, што е значително повисоко од пролетните проекции, пред да се намали на 2,3 проценти во 2028 година“, се наведува во соопштението на Комисијата.(МИА)

Поврзани вести