
Во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес премиерно ќе биде изведена претставата „Вљубениот Шекспир“, работена според текстот на Марк Норман и Том Стопард, во режија на Бојана Василковска.
Претставата ја следи фиктивната приказна за младиот Вилијам Шекспир, кој во период на творечка блокада ја пронаоѓа инспирацијата преку љубовта кон младата благородничка Виола. Нивната љубовна приказна е претставена како поттик за создавањето на едно од најпознатите дела во светската драмска литература – „Ромео и Јулија“.
Насловната улога на Вил Шекспир ја толкува Филип Христовски, додека во улогата на Виола де Лесепс настапува Катерина Јовановиќ. Во актерската екипа се и Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Зорица Панчиќ, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Мартин Мазнев.
Преводот на текстот е на Сашо Димоски и Катерина Момева, сценографијата ја потпишува Филип Коруновски, костимограф е Катерина Чукниева, а кореографијата е на Васил Зафирчев.

Македонски



