
Кошаркарите на Работнички вечерва го добија дербито на седмото коло од Супер лигата триумфирајќи на теренот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74:60 (17:16; 18:22; 21:6 и 18:16). Со оваа победа Работнички продолжува со максимален ефект во домашното првенство и се наоѓа на првата позиција, додека МЗТ Скопје Аеродром го претрпе вториот пораз и остана на второто место.

Дербито се одигра во прекрасна атмосфера со присуство на околу 3.000 гледачи. Првиот период мина во изедначена борба и го доби гостинот Работнички со 17:16. Но, на почетокот на следниот период домашниот тим направи серија од 10-0 за водство, кое го зачува до крајот на полувремето – 38:35.
Клучна за победата на лидерот Работнички беше третата четвртина, која ја почнаа со серија од 10-2, а заврши со убедливи 21:6 и по 30 минути беше 44:56. Двоцифрената предност гостинската екипа ја одржуваше и во последниот период, а првакот во 36.минута намали на пет негатива – 59:64. Следуваше серија од 8-0 за Работнички за потврда на победата.
Најефикасен на дуелот беше капитенот на Работнички, Виктор Ефремовски со 17 поени, додека кај МЗТ Скопје А. Најпрецизен беше Адем Мекиќ со 14 поени.

Македонски



