
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со победа го почна завршниот Мастерс во Торино. Тој во групата го победи „Иван Лендл“ го совлада Американецот Френсис Тиафо со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2) за 69 минути игра.
За Алкараз ова е деветта победа во серија откако на турнирот во Торино стигна со две освоени титули на турнирите во Виена и Париз.
Ланскиот финалист одлично го почна мечот и поведе со 4:0 во гемови и првиот сет го доби со 6:2, а во вториот сет при 3:2 во гемови спаси три брејк топки и сетот го освои со идентични 6:2.
Во меѓусебните мечеви Алкараз поведе со 3:1.
Во вториот меч од групата од 21 часот ќе играат Данил Медведев и Флавио Коболи.

Македонски



