
Легендарниот боксер Мајк Тајсон сподели ВИ-генерирана фотографија на која е прикажан како антички владетел, со оклоп, црвена наметка и златен венец. Објавата е означена како содржина создадена со вештачка интелигенција, а фотографијата е придружена со натписот „Mikesander The Great“ – игра на зборови што ги спојува името на Тајсон и Александар Велики.

На фотографијата во позадина се гледа и знаме со сончев симбол, што дополнително ја засилува асоцијацијата со Александар Македонски. Објавата привлече внимание и кај македонската публика, а дел од домашните медиуми ја пренесоа како духовита ВИ-трансформација на боксерската ѕвезда.
Тајсон не дал дополнително објаснување за фотографијата, па засега најјасна порака е самиот натпис: „Mikesander The Great“.

Македонски



