Skip to main content

Во целосно изгорена барака во Скопје пронајдено тело на починат маж

Тело на починато машко лице е пронајдено во барака која целосно изгорела во пожар што избувнал синоќа на улицата „Жданец“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 14 ноември, во 23:40 часот, во СВР Скопје.

Огнот избувнал во барака во сопственост на М.Р. (56) од Скопје, која целосно изгорела.

На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот. По гаснењето, во внатрешноста на бараката било пронајдено тело на починато машко лице.

Засега нема информации за идентитетот на починатиот, ниту за причините за избувнувањето на пожарот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести