
Со многу музика, емоции, спомени и гости, Коки Јанков синоќа во Македонската филхармонија одбележа 30 години од песната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле Љубисављевиќ победија на „Макфест“ во 1996 година.

На концертот, насловен „30 години – Виолина и гитара“, публиката имаше можност да ги слушне песните што го одбележаа музичкиот пат на дуото „Дуле и Коки“, но и подоцнежното творештво на Јанков. На сцената му се придружија Игор Џамбазов, Бојана Скендеровска, Ристо Самарџиев, Зоран Илиев и Јована Богдановска.

Еден од најемотивните моменти на вечерта беше настапот на Раде, внукот на Дуле, кој заедно со Коки ја изведе „Виолина и гитара“, свирејќи на гитарата на својот вујко.

Песните, фотографиите и видеоматеријалите од заедничките настапи на Дуле и Коки ја вратија публиката во времето на нивното музичко пријателство, кое и по три децении продолжува да живее преку песните.




Македонски



