Skip to main content

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници

Фото: архива/фесјбук Алекандар Николоски

Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 патници до 2030 година!, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Според неговите податоци, двата аеродроми, Скопскиот и Охридскиот, заедно годинава се приближуваат до бројката од 4.000.000 патници, што е значителен раст споредено со 2.400.000 патници во 2024 година.

Јасно насочените политики кон поддршка кои ги води оваа Влада и новите конекции коишто ги отворивме допринесоа значително да се зголеми бројот на туристи, а со тоа ја подобруваме и локалната економија, истакна вицепремиерот.

Поврзани вести