Skip to main content

Иран развива ракета за уништување радари која во лет може да ги детектира радарските сигнали

Moslem Danesh on Unsplash

Ирански експерти ја развиваат ракетата „Ормуз“, способна да детектира радарски сигнали и среде лет да се насочи кон нивниот извор за да уништи непријателски радарски системи, изјави советникот на командантот на Воздухопловните сили на ИРГК, Али Билали, објави новинската агенција Фарс.

Во исто време, претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави дека презентацијата на новиот ракетен град ја покажува одбранбената подготвеност на Техеран и ги предупреди противниците да не ги потценуваат воените способности на Иран.

Ако ја преминете границата, Иран нема да се двоуми да одговори брзо и на начин што ги надминува вашите очекувања. Овој пат, географијата на војната ќе ја одредат вооружените сили на Исламската Република“, рече Калибаф.

Поврзани вести