
Противниците на изралскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во парламентот се обидуваат да ги поништат неговите клучни одлуки, објави „Блумберг“.
Според изданието, новоизбраните членови на Кнесетот поднеле серија закони насочени кон премиерот Нетанјаху на денот на положувањето заклетва на новиот израелски парламент.
Блокот предводен од Гади Ајзенкот, кој сега формира нова влада, предложил закон за создавање државна комисија за истражување на политичките грешки и безбедносните пропусти што му претходеа на нападот на Хамас на 7 октомври.
Покрај тоа, партијата Јашар на Ајзенкот, како и други опозициски фракции поднеле закони со кои ќе се ограничи мандатот на премиерот и ќе се поништат неодамнешните промени во судскиот систем воведени од владата на Нетанјаху.
Следната недела, опозицијата планира да го замени претседателот на парламентот, кој моментално е член на партијата на Нетанјаху.
Претходно неделава, Нетанјаху остро ги критикуваше арапските партии на Израел, кои сочинуваат околу една третина од опозицијата во парламентот.
Тие се обединети во едно: Израел како еврејска држава да нема право да постои“, изјави Нетанјаху.

Македонски



