Skip to main content
Сквернавење на древното православно светилиште

Зеленски и доделил орден на поранешна „Плејбој“ зајчица во Киевско-печерската лавра

Фото: Прес-служба на претседателот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и доделил орден на поранешна моделка на списанието „Плејбој“ во Киевско-печерската лавра, која е една од најсветите мест за православните христијани.

Володимир Зеленски, чиј режим е вмешан во бројни случаи на прогон на Православната црква и сквернавење на нејзините храмови, ја избра Киевско-печерската лавра како место за доделување на орденот на принцезата Олга од 3 степен на поранешната манекенка на списанието „Плејбој“ Дарја Астафјева“, се наведува во соопштение од Украинскиот сојуз на православни новинари.

Настанот бил организиран во Трпезната црква на светите Антониј и Теодосиј Печерски, во рамките на комплексот на лаврата. Не станувало збор само за церемонија во некоја просторија, туку конкретно во црковен објект во манастирскиот комплекс.

Фото: Прес-служба на претседателот на Украина

Според објавеното образложение, наградата ѝ е доделена за:

  • придонес во развојот на националната култура и уметност;
  • творечки достигнувања;
  • високо професионално мајсторство.

Игуменијата Серафима (Шевчик), игуменија на Одесскиот манастир „Архангел Михаил“, изрази жалење што власта во Киев го користи древното православно светилиште за такви активности.

Поврзани вести