
Вчера во 21:55 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено четиригодишно девојче од с.Средно Коњари, скопско, информираа од МВР.
Според пријавеното, со повредите се здобило пред два дена при пад од скали во семејната куќа.
Излезено е од полициски службеници од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Македонски



