Skip to main content

Грчко „пријателство“ на мечот против МЗТ: Навивачите извадија транспарент „Македонија му припаѓа на Ираклис“, и „ќотек за фашистите“

Натпреварот меѓу Ираклис и МЗТ Скопје завчера во Солун имаше тензии и провокативни транспаренти поврзани со Македонија.

На трибините беше истакнат транспарент со ликот на познатиот грчки пејач Костас Македонас и натпис „100% Македонец“. Домашните навивачи истакнаа и голем транспарент со пораката „Македонија му припаѓа на Ираклис“, под која пишуваше „Ќотек за фашистите, во каква било форма да се појавуваат“ (во каква било форма на земјата).

Слични провокации имаше и на натпреварот кој се играше претходниот месец во Скопје. Тогаш македонските навивачи ја истакнаа пораката „Твоето свето име ќе го браниме насекаде низ светот“, придружена со карта на која беа прикажани и Солун и Халкидики. Тој потег предизвика бурни реакции во Грција.

Поврзани вести