Skip to main content
Во туѓото „ѓубре“ нашол извор на заработка

Американец заработил 140.000 долари годишно продавајќи предмети исфрлени во контејнер

nathan-copley-from-pixabay

Картер Стивенс од Нешвил, Тенеси, САД, продава исфрлен мебел, електроника и други предмети. Тој тврди дека „пронашол деловна можност“ таму каде што повеќето луѓе гледаат само ѓубре.

Стивенс тврди дека заработува илјадници долари годишно, пребарувајќи по контејнери и преку интернет продавајќи најдени фрлени предмети. Во периодот од септември 2025 до септември 2026 година, на пр., Стивенс заработил повеќе од 140.000 долари на овој начин.

Тој го остварил овој приход така што наоѓал предмети што другите ги фрлиле, ги чистел, а потоа ги продавал преку онлајн платформи. Како што вели, луѓето не му веруваат кога објаснува со што се занимава, бидејќи малкумина би препознале деловна можност во еден полн контејнер, но неговата заработка е потврдена преку документи до коишто ТВ „Си-ен-би-си“ (CNBC) имала пристап.

Стивенс најчесто ги посетува деловните зони и луксузните станбени комплекси во Нешвил. Откако го почнал овој потфат во март 2024 година, пронашол и продал предмети како што се рачно изработени персиски теписи, скапи канцелариски столици, па дури и самурајски мечеви.

Пребарувањето по контејнери, исто така, му помага да ги намали трошоците за пакување, бидејќи таму наоѓа кутии, леплива лента и други материјали. Тој проценува дека во околу 90 отсто од случаите, нема потреба да купува материјали за пакување.  

Поврзани вести