Skip to main content

Македонија е во третиот шешир во пресрет на ждрепката за квалификациите за ЕП 2028

Фото: Freepik

Познати се проектираните шешири за ждрепката за квалификациите за ЕП во 2028 година, која ќе се одржи во декември 2026 година.

Распределбата е направена врз основа на привремениот пласман во ЛН а конечниот изглед ќе зависи од резултатите во преостанатите натпревари.

Македонија со сигурност се наоѓа во третиот шешир, заедно со Романија која исто така е сигурна.

Според моменталните резултати таму се наоѓаат Украина, Полска, Шкотска, Грузија, Израел, Словачка, Црна Гора, Албанија и Исланд.

Во првиот шешир се наоѓаат најквалитетните европски селекции, сигурни се Шпанија, Португалија, Франција, Холандија, Англија, Грција и Италија, а таму се очекува да бидат и Белгија, Данска, Германија, Норвешка и Хрватска.

Треба да се случи чудо за Белгија и Германија да не бидат во прв шешир, а многу близу до потврда на местото се и Норвешка и Хрватска, кои зависат сами од себе затоа што играат со директните ривали за освојување на третата позиција на табелата.

Вториот шешир кој уште е во формирање има само една позната, тоа е Швајцарија, а според моменталниот пласмсан го сочинуваат и Велс, Србија, Турција, Чешка, Шведска, Австрија, Северна Ирска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија и Косово.

Во четвртиот шешир се Белорусија, Кипар, Естонија, Фарски Острови, Финска, Ерменија, Бугарија, Молдавија, Луксембург, Казахстан, Летонија и Сан Марино. Петтиот шешир со сигурност го сочинуваат Малта, Азербејџан, Литванија, Гибралтар, Андора и Лихтенштајн, но Македонија нема да има ривал од овој шешир со оглед на тоа што ќе игра бараж за опстанок во Б-лигата од Лигата на нациите и нема да може да падне во група со пет репрезентации заради обврските во месец март, а тогаш ќе стартуваат квалификациите за ЕП 2028.

Конечната распределба ќе биде позната по завршувањето на натпреварите во Лигата на нации.

Ждрепката во декември ќе ги одреди противниците на патот кон Европското првенство во 2028 година

Поврзани вести