Skip to main content

Мицкоски: Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината на Центар и Македонија

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата во Центар.

По повод годишнината, Мицкоски се осврна на историјата на Општинскиот комитет, истакнувајќи дека изминатите 36. години биле исполнети со предизвици, борба, премрежја, истрајност и заедништво.

Мицкоски посочи дека низ децениите повеќе генерации оставиле свој белег во партиското делување и ја изрази вербата во иднината на Центар и Македонија.

Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината. Пред нас се нови предизвици, нови успеси и уште многу работа за граѓаните на Центар. Со заедништво и посветеност ги градиме темелите за следните победи – порачува Мицкоски. 

Поврзани вести