
По пет последователни порази во Серија А, италијанскиот прволигаш Сасуоло му врачи отказ на тренерот Алберто Аквилани.
Поразот од 0-3 во саботата од Рома, клубот каде што го помина поголемиот дел од својата кариера како фудбалер, на крајот беше фатален за 42-годишниот Аквилани.
Под водство на Аквилани, кој седна на клупата на почетокот од сезоната, Сасуоло зпочна добро со две победи во првите четири кола.
Сепак, потоа уследи само едно реми и Сасуоло се наоѓа на 17. место на табелата, бод над зоната за испаѓање.

Македонски



