
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги искажа впечатоците по поразот од 3:2 од Сасуоло синоќа на гостувањето во четвртото коло од италијанското првенствоhttps:
– Боли бидејќи тимот можеше да победи на крајот и заслужи да го сврти натпреварот, но јасно е дека ја изгубивме рамнотежата, а тоа не требаше да се случи. Кога осум играчи тргнаа напред да нападнат, оставивме огромни празнини во одбраната. Тргнавме во финишот по трите бода, домаќинот не казни од транзиција. Мислевме дека можеме да победиме, јас бев тој што инсистирав да нападне, а фудбалерите ме сфатија премногу буквално. Бевме премногу неурамнотежени на крајот, но тоа произлегува од желбата за победа, изјави Спалети.
Јувентус со седум бода од четири натпревари е на 7. место на табелата во Серија А. Во следното коло, на 20 септември Јувентус ќе ја пречека Аталанта

Македонски

