Skip to main content

Валенсија е во сериозна криза кога нашиот Столе е најдобар во тимот

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше осум одбрани во поразот на неговата екипа Валенсија на „Местаља“ од Реал Мадрид. Тој не успеа да спречи пораз, иако беше најдобро оценетиот играч во неговиот тим.

Головите за Реал Мадрид ги постигнаа: Федерико Валверде во 28.минута, Арда Ѓулер во 36.минута и Килијан Мбапе во 75.минута, дополнителен проблем за Валенсија беше и исклучувањето на Хозе Гаја во 79.минута.

Реал Мадрид ја постигна осмата победа во сите натпреварувања, а со 30 бода се изедначи на врвот на табелата на Ла Лига со Барселона. Валенсија остана на претпоследното место со 9 бодови.

Дербито на 12.коло се игра вечерва од 21 часот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона

Поврзани вести