Skip to main content

Сиљановска-Давкова со сочувство по нападот во Краков: Македонија е солидарна со Полска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати искрено сочувство до семејствата на жртвите, повредените и полскиот народ по нападот во Краков, кој во својата објава го окарактеризира како терористички чин.

Во порака објавена на социјалната мрежа Икс, претседателката изрази длабока тага и жалост поради трагедијата во која, како што наведе, загинале невини луѓе, а многумина биле повредени.

Во овие тешки моменти, македонскиот народ стои во целосна солидарност со Полска. Ја споделуваме вашата болка и упатуваме најдлабоко сочувство до сите погодени од оваа трагедија“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа нагласи дека во име на македонските граѓани изразува најискрено сочувство и поддршка до полскиот народ, осудувајќи го бесмисленото насилство што однело човечки животи.

Според најновите информации, во нападот што се случи на 7 ноември во центарот на Краков загинале шест лица, а најмалку 15 се повредени. Полските власти отворија истрага за тероризам, додека во земјата е прогласена дводневна национална жалост. објавува Журнал.мк

Поврзани вести