
Во Галерија „Рудиќ“ вечер од 19 часот ќе биде отворена изложба на полароиди на италијанскиот фотограф Патрицио Чиполини, насловена „Душе”, која ја тематизира минливоста и магијата на моментот.
-Чиполини ги користи несовршеностите на полароидната фотографија за да ја нагласи минливоста на моментот: меките, избледени бои и благиот контраст ја претвораат секоја слика во мал артефакт. Непредвидливите протекувања на светлина и неправилните рабови стануваат дел од неговата естетика, додека ограничениот динамички опсег им дава на делата носталгична патина. Авторот не го планира кадарот, туку реагира на магијата на просторот, времето и светлината, соопшти организаторот.

Полароид е фотографски медиум кој не е отпорен на времето – со текот на времето боите се губат, сликата исчезнува.
-Тоа се случува и со полароидите на Чиполини. Минималистички пристап на авторот – во спој со спонтаност и шармот на полароидот и делувањето на времето ја обликуваат изложбата во единствена симбиоза, се наведува во најавата за изложбата која ќе биде отворена до 30 ноември 2026.

Македонски




