Skip to main content

Американски обвинители ја прекинаа кривичната постапка против двајца соработници на Трамп

Американски обвинители денеска одлучија да ја прекинат кривичната постапка против двајца соработници на претседателот Доналд Трамп, кои беа обвинети за наводно помагање во попречување на истрагата против Трамп во случај поврзан со доверливи документи.

Помошникот на Трамп, Волт Наута, и менаџерот на имот, Карлос де Оливеира, не се спротивставија на одлуката на обвинителот, се вели во судскиот поднесок.

Со овој потег заврши кривичното гонење на Трамп во два случаи што ги водеше специјалниот обвинител Џек Смит, кој на почетокот на месецов поднесе оставка од функцијата во Министерството за правда на САД

Поврзани вести