Кога те бива за се те бива. Фамилијата Ахмети е пример за тоа. Чичкото во политиката, внукот во бизнисот. Добитна комбинација. Поранешниот командат на ОНА никако да се помири дека веќе не е на власт, добро нема ни да биде долги години.
Али Ахмети за да привлече внимание, посегна по најсигурната варијнта, национализам и понижување на Македонците.Па така Али се навредил на прашањата зошто Албанците во Македонија зборувале Албански а не македонски јазик кој е официјален јазик, е коментарот во колумната „5 минути со Чавез“.
Демек ако тие одат во Албанија, другите во Бугарија на кого ќе им ја оставеле државата. Леле леле, трагедии и патетики. На Македонците, на кого.
Вака команданте, како прво никој од Македонците не сака да оди во Бугарија зошто овде имааат своја, матична држава на која се зборува на Македонски јазик. А која е твојата матична држава? Албанија, Косово, Швајцарија, сегде си бил по малку.
Си ја испеал ли барем еднаш македонската химна, си отишол ни некогаш на натпревар на македонската репрезентација меѓу твоите сограѓани Македонци, да покажеш дека ја почитуваш оваа држава.
Ваквиот речник може да те однесе само на едно место, во Хаг, ако оние од Кале решат да те приберат. Како што го пуштија низ вода Груби кога веќе не им требаше, за тебе око нема да им трепне.,
Подобро среди си ја партијата, како почнаа да си заминуваат, од ДУИ ќе ти останат само бизнисите, твои или на твојот внук Дрин кој на 26 години врти милиони.
Е тој Дрин, исто како неговиот чичко не зборува македонски туку англиски јазик. Како Зајас да е кварт во Њујорк а не село кај Кичево.
Во интервју за „Република“ тој вели дека без помош на Чичо направил големи пари, Ахмети не ни знаел што работи внукот. Таман работа, покрај толакви проблеми со партијата да се занимава и со бизнисите на внукот. Се нема време за се.
Изјава Дрин, нула ми помогнал. Ако можете да наведете една личност компанија со кој вујкоми ме поврзал или вршел притисок можете да кажете дека беше овој оној, никогаш.
Еве на пример Дрин сакал неќел се знае и со обвинителот за организиран криминал Ислам Абази.Што да прави, Зајас е мало село, сакаш неќеш ќе се сретнеш. Сосема спонтано настанала и фотографијата на која е татко му и обвинителот. Тоа било голема веселба во Зајас, паднала и песна а кога е добро расположение ќе падне и некоја слика за спомен.
Ако сте заборавиле , Дрин мината година година беше фатен со цел гепек петарди, или популарно наречени пиратки. Не се секирајте Дрин имал дозвола за петардите, но кога веќе се кренала толкава џева ќе си плати казна.
Се прашувате за што му биле 750 петарди. Дел биле за минирање на рудникот кој го копа кај Кичево. Тие што му останале ги искористил за на внуците во Зајас да им приреди пиротехничко шоу и огномет за Нова година.
Е тоа е вујко
Опозицијата никако да ја преболи посетата на премиерот Мицкоски на САД и присуството на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп. Една недела помина тие уште дебатираат кој го поканил Мицкоски, кај седел, со кого се видел. Вака да ви кажам, тие со кои се сретна Мицкоски, Заев и Филипче не можат да ги видат ни на телевизија. А и да ги видат нема да знаат кои се. За Таче пак не правиме ни муабет.
Солзи сами капат прости ми. Откако ги укина факт чекерите, сега Трамп, им ги секна парите за невладините организации. 90 посто од парите беа на организации блиски до СДСМ.
И сега што, ќе се изедат меѓу себе. Бидејќи за нив важи паролата нема НЕМА ПАРИ НЕМА МИР.
За крај одиме во нашето соседство, во Србија. Во Белград во тек е пресликана шарена револуција. Се кренаа студенти, опозиција, се покажуваат крвави раце, се истура боја, па одеднаш на некого му се слошува на раскрсница, па се бара преодна, односно техничка влада.
Ви звучи познато. Да, сево ова сме го виделе. Играта им ја распипа сцецијалецот на Трамп, Ричард Гренел кој рече дека не ги подржува протестите. Тонч, што би рекла заменикот Генерален секретар на НАТО Радмила Шекеринска.
Вирусот на шарени револуции и доаѓање на власт без да се победи на избори ја зафати и Србија.
Се е исто, само Заев го нема.