Skip to main content

Бламажа на Милан на „Сан Сиро“

Тренерот на Милан, Рубен Аморим, не го криеше разочарувањето од настапот на својот тим при поразот синоќа на домашен терен со 0:2 од унгарски Ференцварош во натпревар од четвртото коло во Лига Европа.

„Немам објаснување. Не можам да кажам ништо друго, особено за начинот на кој игравме до полувремето. Не се сеќавам дека игравме толку лошо во кое било друго полувреме. Ни недостасуваше амбиција, концентрација. Направивме глупави грешки, му дадовме шанси на противникот. Како да не бевме подготвени да играме фудбал на овој натпревар“, изјави Аморим по натпреварот.

По четири одиграни кола, Милан со само три бодови е на 28 место на табелата, четири места зад последниот тим кој обезбедува пласман во плејофот од натпреварувањето напролет.

„Очигледно нашиот фокус е на италијанското првенство, но мора да се претставиме добро и во Европа. Можеме и мора да победуваме на натпревари, и покрај сите ротации во составот. Мора да бидеме подготвени, а во моментов не сме, да играме и да победуваме на секои три дена. Не сме се откажале од овој турнир. Додека е математички можно, ќе се бориме да продолжиме напред“, додаде португалскиот стратег на клупата на Милан. 

Поврзани вести