Skip to main content

Руте: Европа купува повеќе течен природен гас од Русија отколку што САД купуваат руско дизел гориво

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, призна дека постои паника меѓу европските сојузници на САД поради договорот на Трамп со Путин за испорака на дизел гориво во САД, но истакна дека Европа купува и значителни количини течен природен гас од Русија, пренесува Блумберг.

Прашан за неодамнешниот договор меѓу Трамп и Путин за испорака на дизел гориво во САД, Руте потврди дека имало „паника“ меѓу европските сојузници на САД по објавувањето на договорот.

Го разбирам тоа, и самиот бев изненаден“, рече тој.

Тој додаде дека Европа, исто така, купила големи количини течен природен гас од Русија оваа година.

Многу повеќе отколку што ќе донесе овој бизнис со дизел! Ни Европа не е без грев“.

Поврзани вести