Skip to main content

Mицкоски за случајот „Алта банка“: Штедачите и доверителите да бидат спокојни, сите ќе бидат исплатени до последен денар

Премиерот Мицкоски денеска проговори за случајот „Алта банка“ и ги смири граѓаните кои имаат пари таму дека нема да бидат оштетени оти до денар ќе бидат исппатени, вклучувајќи ги оние кои имаат штедни влогови над 30.000 евра кои се неколку посто. Тој истоверено ја обвини СДСМ за ширење хистерија и оти овој Алта Банка во ниој случај не може да се споредува со „Еуростандард“ .

Многу внимателно ги следам пораките кои доаѓаат од опозицијата деновиве, обидот за создавање хистерија, паника и страв кај граѓаните на ист начин како кога Орбан ги изгуби изборите во Унгарија.И тогаш имаа иста реторика исти пораки.Единствено што излезе е дека сме добиле заем под ултра поволни услови и изјавата на Државниот завод за ревизија која кажа дека парите што се добиени се искористени за подобрување на перфомансите на македонската економија. Продолжија со истата реторика и по поразот на Вучиќ во Србија, и пред тоа кога го потшишавме стретешкиот договор со Обединетото кралство, ќе сме прибирале мигранти.Секоја година испраќаат иста порака само што не сме банкротирале а ние секоја година имаме подобри резултати. Случајот Алта банка е случај во Србија.Кај нас тој случај е увезен и нема ништо слично и нема ништо слично како што имаше со „Еуростандард“. Оваа банка СДСМ ја банкротираше откако нивната поранешна министерка за финансиии ден-два пред банкротира извлече депозити од 250.000 евра. И тоа е факт. Ние сега имаме увезен проблем.Јас повеќе исплашен за еден друг феномен што никој не го поставува, а тоа е дека во 2025 година помеѓу нас и Србија беше 1, милијарди евра.Неколку компании ми се јавија и ми се пожалија дека „мојот партнер во Србија е пред банкотирање“ бидејќи му се блокирани средствата во Алта Банка.„„Што да правиме ме молам помагајте како влада“. Тоа ќе биде многу поголем проблем бидејќи се затвараат бизниси и пропаѓаат компании, луѓе ќе остануваат без работа не само во Србија туку и кај нас затоа што тие милјарда евра биле обрт во целата година.

Влада

За Алта банка

Банката е купена откако претходно се запазени сите законски процеси.Добиени се позитивни мислења од сите институции.На јавна аукција акционерите од банката ги продаваат акциите на сопственикот Алта Банка Србија и така тие стануваат сопственици. Опозицијата најмалку се грижи за штедачите и доверителите туку мислат на тој начин ќе остварат политички бенефит.

Две сценарија

Првото е да се обезбеди купец што ќе биде многу тешко бидејќи држат прес конференции пред народната банка и ги одвраќаат потенцијалните купувачи.Второто сценарио е банката да влезе во стечај и ќе ја изгуби лиценцата да работи. Сакам да испратам порака до штедачите и доверителите да бидат спокојни и безбедни, да не подлегнуваат на шпекулациите и хистеријата од опозицијата.. 95 посто од штедачите се со штедни влогови до 30,000 евра и тие се загарантирани во целосната сума, да бидат спокојни до цент и до денар ќе им бидат вратени.Останатите кои ќе влезат во стечајна маса,а тоа се неколку стотини исто така да бидат спокојни бидејќи активата на банката е многу поголема отколку што се побарувањата.Апелирам до граѓаните, бидете спокојни, не потпаѓајте на хистеријата.Државата има инструменти, го следи процесот.Нема да остане ни еден ако дојде до најлошото сценарио кој нема да биде обештетен до последниот цент.Секој доверител, дали е тоа штедач или компанија ќе бидат обештетени до последниот цент. Редно е и Јавното обвинителство да се позанимава за ова дело сабота што прави опозицијата која свесно го урива уставот и државниот поредок ширејќи невистини, креирајќи немир и лаги и ги доведува граѓаните во чуство на несигурност а ова кривично дело се казнува со најмалку три години по оној кривичен законик што тие го сменија во 2023 година.

Поврзани вести