Skip to main content

Проектот „Грнчарство“ презентиран во Музејот на Македонија

Денес, во Центарот за едукација при Музејот на Македонија, се одржа презентација на проектот „Грнчарство“, реализиран со групата „Мали научници“ од ЈУОДГ „Мајски цвет“.

Преку своите изработки, децата со голема креативност и ентузијазам го споделија она што го научија за грнчарството за време на посетата на музејот и учеството во едукативните работилници.

Низ игра, истражување и творење, најмладите имаа можност поблиску да се запознаат со грнчарскиот занает, неговото значење и традиција, преточувајќи го стекнатото знаење во сопствени креативни дела.

Кога знаењето се претвора во творештво, учењето станува вистинско доживување!

Поврзани вести