Skip to main content

„Тивки актери, гласни приказни“: Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство во Музејот на Македонија

Театар за деца и младинци / Сцена од претставата „Могли“

Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 05.11.2026 (четврток) во 19 ч. че се одржи ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“.

Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ е ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ до современите дизајни на Театарот за деца и младинци, оваа поставка го слави кукленото творештво не како минлива игра, туку како комплексна и рамноправна уметничка дисциплина.

Автор на изложбата е Љубица Велкова, во продукција на Театар Сенки и облаци. Куратор е Јасмина Намичева, која со Велкова ќе ја отворат изложбата.

Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести