Skip to main content

Средба Серафимовски–Акташ: Разгледани можности за поголем пласман на македонски производи во Турција

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ, кому му посака успешен мандат.

На средбата разговарале за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји, со посебен акцент на зголемување на присуството на македонските земјоделски и прехранбени производи на турскиот пазар.

Соработката би опфатила и размена на стручни искуства за приспособување кон климатските промени, дигитализација и поефикасно користење на водните ресурси. Како можност за нејзино натамошно продлабочување била посочена и областа на шумарството.

Поврзани вести