Skip to main content

Славески: Ограничувањата при подигање на средства на банкоматите на Алта банка се од страна на Мастеркард и Виса

Ограничувањата кои се случуваат при подигање на средства на банкоматите на Алта банка се од страна на Мастеркард и Виса, тоа се меѓународни системи, но набрзо системот продолжува со функциоирање, уверува гувернерот Славески.

Тој вели дека состојбата во Алта банка АД Битола се следи од минута во минута.
„Во Битола филијалата работеше во саботата до 12 часот нормално и биле сите опслужени, потоа картичките на системот ВИСА не функционираа, тие за да оперира системот бара колатерал кој во нормални околности е покриен, но ради интензивни повлекувања на пари се достигна лимит и ВИСА веднаш ја прекинува дури не се нормализира тој однос, после 12 часот беше активиран систем; во моментот имам информации дека има проблем со картичка ВИСА и МАСТЕРКАРД“, вели Славески.


Славески објасни дека ова што се случува сега со банката е за да се избегне најлошото и да се избегне она што се случи во Србија, објаснувајчи го минусно салдо за девет меси од годинава.


„Загуба финансиски институции покажуваат кога вршат реорганизација, инвестираат во опрема, зголемување на плати итн. Тоа не е ништо што треба да загрижува, 800 илјади евра на 33 милиони па тие можат да ја покријат загубата“, кажа Славески.

Поврзани вести