Skip to main content

М-р Емилија Стефановска Давкова – нов директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Со Решение на Министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков за нов директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола  е избрана м-р Емилија Стефановска Давкова.

М-р Емилија Стефановска Давкова е докторанд по меѓународно право на Правен факултет „Јустинијан I“ во Скопје, за која Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на Националната Установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола одлучи дека кандидатката поседува стручни и професионални квалификации за извршување на оваа функција, а нејзината програма за работа и развој на оваа институција ја оцени како позитивна, со високо развојна компонента за периодот од 2025-2029 година .

-Благодарност до сите членови на комисијата, благодарност до Министерот за дадената доверба, која ќе ја оправдам во целост и ќе го дадам својот максимум за институцијата да го доживее својот подем и позитивна видливост! Ќе работам чесно и вредно, строго за развој и во интерес на оваа еминентна институција која за скоро ќе слави 80 години од нејзиното постоење и ќе преземам конкретни мерки и соодветни чекори кон успешна реализација на новите проекти, заедно со вработените, рече директорката Стефановска Давкова.

Поврзани вести