Skip to main content

Предлог за лесен ручек: Рижото со печурки

Magnific

Печурките одлично се комбинираат со ориз, па се нашиот избор за подготовка на лесни оброци во брзите денови во неделата. 

Состојки:

  • 1 л пилешки бујон
  • 2 лажици путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 400 грама печурки
  • сув зеленчук и црн бибер
  • 1 среден кромид
  • 1 чешне лук
  • 200 грама ориз
  • 150 мл суво бело вино
  • 40 грама рендан пармезан
  • 2 лажица сецкан магдонос

Подготовка:

Во поголема тава загрејте половина путер и маслиново масло, додадете печурки исечени на ленти, сув зеленчук, црн бибер и динстајте 4 – 5 минути додека не заруменат и да испари целата течност. Извадете ги печурките од тавата и оставете ги на страна. Во истата тава додадете го остатокот од путерот и маслиновото масло, потоа ситно исецкан кромид и сецкан лук.

Пржете додека кромидот не стане прозирен. Додадете ориз, промешајте и пржете додека оризот не станe стаклест. Измешајте вино и оставете оризот целосно да го впие. Додадете половина чаша бујон, полека мешајќи го оризот и дозволувајќи оризот да го впие бујонот пред да додадете уште една чаша.

Додадете го остатокот од бујонот, мешајќи додека целата течност не се впие. Кога целата течност ќе се впие, вратете ги печурките во тавата, додадете пармезан и промешајте за да се соединат состојките.

Сервирајте веднаш посипано со магдонос и со уште малку пармезан по желба.

Поврзани вести