Skip to main content

Лекар од Ургентно одбил да пружа помош на пациент со болки

Вчера во 00:30 часот во ПС Гостивар, А.И.(53) од Гостивар пријавил дека околу 23:40 часот барал лекарска помош во
Ургентниот центар во Гостивар поради болки во стомакот, но дежурниот лекар одбил да му укаже помош или да го упати во друга установа, соопштија од СВР Тетово.

Потоа, според пријавеното, тој бил отстранет од просториите од страна на службениците од обезбедувањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.

Поврзани вести