Skip to main content

Француски демонстранти распарчија „глава“ на Макрон од која се разлетаа лажни банкноти

Screenshot

Демонстрантите во францускиот град Бордо донесоа пињата во облик на главата на претседателот Емануел Макрон. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како пињатата со ликот на Макрон се појави над демонстрантите на плоштадот Виктоар во Бордо, за време на протестите што се одржуваа во градот.

На видеото, кое трае 17 секунди, се гледаат неколкумина качени на метална конструкција над насобраните демонстранти. Еден од нив држи долга прачка на која е закачена пињата во облик на човечка глава. Фигурата го претставува францускиот претседател Емануел Макрон.

Истиот ден во Бордо веќе биле забележани сериозни тензии. Протестниот марш против високите трошоци за живот прераснал во грабежи на улицата Сент-Катерин. Сепак, снимката со пињатата прикажува поинаква сцена од протестите.

Удари со стап, а потоа дожд од хартиени ливчиња

Друго човек, исто така качен на конструкцијата, почнува неколкупати да ја удира пињатата со стап или со палка.

Под ударите, фигурата се распарчува, а од неа се разлетуваат конфети или парчиња хартија што паѓаат врз насобраните демонстранти, кои го поздравуваат случувањето. Од фигурата паѓале и лажни банкноти.

Во близина се забележуваат и неколку знамиња, меѓу кои и палестинско знаме.

Политичката атмосфера во Франција е напната веќе неколку дена, што се покажа и со размислувањата на Макрон за воведување полициски час по немирите на 17 октомври.

Во објавата не се споменува никаква официјална реакција на овој настан.

Поврзани вести