
Бруто-домашниот производ (БДП) на земјава во 2025 година достигнал 1.105.239 милиони денари и бележи реален раст од 3,8 проценти во однос на 2024 година, додека номиналното зголемување изнесува 7,1 процент, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Бруто-домашниот производ по жител во 2025 година изнесувал 9.859 евра.
Најголемо учество во додадената вредност во структурата на БДП, од 19,9 проценти, имаат секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, како и објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Забележителен придонес во остварениот економски раст имале бруто-инвестициите во основни средства, кои во 2025 година забележале номинален пораст од 9,6 проценти во однос на претходната година.
Финалната потрошувачка учествувала со 80,7 проценти во структурата на БДП, додека учеството на извозот на стоки и услуги изнесувало 60,8 проценти

Македонски


