
Фрлен нож и боксирач кај малолетник биле пронајдени при контрола на автобус во кој се превезувале ученици.
Како што сподели СВР Тетово, вчера во периодот од 18:00 до 21:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане и СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници и ученици.
Притоа, во автобус кој превезувал ученици, во задниот дел е пронајден нож, додека кај 15-годишен малолетник од
с.Долно Палчиште бил пронајден и одземен железен боксирач. Против малолетникот ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје, соопштија од СВР Тетово.

Македонски


