
Истрагата продолжува со сослушување сведоци и анализа на собраните докази. Истражителите проверуваат дали четворицата осомничени имале поделени улоги при разбојништвата, како се одвивале нападите и кој каква улога имал во настаните.
Се испитуваат и предметите одземени од домовите на жртвите, со цел да се утврдат сите околности поврзани со двата случаја.
Четворицата осомничени беа уапсени на 27 октомври. Тие се сомничат за две кривични дела разбојништво со смртна последица, извршени во скопски Хром на 22 октомври и во Ѓорче Петров на 27 октомври.
Според информациите, првичниот притвор од 48 часа истекува во петок, а Обвинителството може повторно да побара краткотраен притвор доколку се исполнети законските услови.
Според извори од правосудните органи, четворицата осомничени живееле во Волково.
Истрагата треба да ги утврди индивидуалната одговорност на осомничените и сите околности под кои настанале двата трагични случаи. Осомничените се сметаат за невини сè додека нивната вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Македонски

