Skip to main content

Во еден од возовите во Шпанија имало и бебе

Два брзи воза се судрија на линијата што ги поврзува Мадрид со Андалузија, регион на крајниот југ на Шпанија.
Судирот се случил на делницата помеѓу Лос Јебенес и Урда во покраината Толедо.


Според последните информации, повеќе од десет лица загинале, додека над сто се повредени.
Голем број возила за итни случаи се на местото на настанот, додека повредените се префрлаат во болници со хеликоптер.
Во несреќата учествувале брзиот воз „Ирјо 7076“, во кој имало 146 патници и едно бебе под една година, и брзиот воз „АВЕ 2080“, во кој имало 397 патници.


Првичните наоди укажуваат дека возот „АВЕ“ удрил во задниот дел од возот „Ирјо“ со голема брзина, предизвикувајќи два вагона „Ирјо“ да излезат од шините.

Поврзани вести