Skip to main content

Четири лица приведени за убиствата во Ѓорче Петров, се сомничат за „разбојништво со последица смрт“

архива

СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026, соопшти денеска МВР, во врска со двете тела на кои беа пронајдени траги од насилство, убиства кои се случија во рок од пет дена.

Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.

Членот 237 став 5 од Кривичниот законик гласи: Ако при извршувањето на делото од став (1) некое лице со умисла е лишено од живот, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Поврзани вести