
На 6 и 7 ноември, во Интернационалното училиште „НОВА“ во Скопје ќе се одржи петтата конференција на Наука за Деца, посветена на македонската наука.
Под мотото „Направете простор за македонска идеја“, конференцијата ќе ги собере младите научни таленти и нивните ментори за да ги споделат идеите, знаењата и истражувањата на кои работат.
Отворањето (06.11.26) ќе започне со четири кратки предавања од финалистите на конкурсот за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“.
Нивните истражувања се подготвени под менторство на истакнати македонски научници кои работат во странство: Светлана Мојсов, Петар Поповски, Панче Наумов и Христијан Ѓорески.
Програмата ќе продолжи со доделувањето на наградите за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ и за најдобар млад презентер „Колега Стиков“.

Македонски

