Skip to main content

Рекордна излезност во Србија – до 16 часот гласале 56,4 отсто од избирачите

На предвремените парламентарни избори во Србија, на кои граѓаните избираат 250 пратеници се бележи рекордно висока излезност, а редици се формираа пред речиси сите избирачки места, и во земјата и во дијаспората.

До 16 часот на изборите во Србија гласале 56,4 отсто од запишаните избирачи, покажуваат проценките на организацијата ЦРТА, која го објави последниот пресек на излезноста.

Според податоците на организацијата, излезноста до 16 часот е за 14 процентни поени повисока во споредба со истиот период на парламентарните избори во 2023 година.

Излезноста е повисока дури и во споредба со онаа што беше забележана во 19 часот на изборите во декември 2023 година.

Проценката на ЦРТА има маргина на грешка од 0,9 процентни поени.

Поврзани вести