
Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска забележа победа над Гркинката Мина Хаѕопулу на ФНЦ 34 настанот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонката славеше со прекин во третата рунда и уште еднаш го потврди својот потенцијал на големата сцена.
Алексовска успеа да ја собори противничката на земја, по што ѝ зададе серија од десет удари во пределот на главата. Хаѕопулу беше во тешка позиција и принудно се предаде, со што победата ѝ припадна на македонската натпреварувачка.
Македонката важи за една од најперспективните ММА натпреварувачки во регионот. Шест од нејзините девет претходни победи ги оствари со субмисија.
Извор: МКД.мк

Македонски

