
Сообраќајот во центарот на Скопје денеска ќе се одвива под посебен режим поради атлетската трка „23-ти Октомври“, организирана по повод Денот на Македонската борба.
Трката започнува во 8 часот од паркот „Жена Борец“, на улицата „11 Октомври“. Учесниците ќе се движат преку плоштадот „Македонија“ и Камениот мост, потоа по улицата „Иљо Војвода“ и мостот „Гоце Делчев“, продолжувајќи по кејот на Вардар до означената точка, од каде што ќе се вратат по истата патека до целта кај споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена Борец“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полицијата ќе го пренасочува сообраќајот по околните улици и апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници.

Македонски

