
Ракометарите на македонскиот шампион Вардар по четирите порази во групата од Лигата на шампионите синоќа ја постигнаа првата победа и тоа на гости кај француски Нант со 33:27. Македонскиот првак го одигра најдобриот натпревар во најквалитетното ракометно натпреварување, а по дуелот тренерот на Нант Грегори Кожан изјави:
– Ова е најлошата ноќ што ја доживеав во последните пет години, ако не и подолго. Веќе неколку натпревари се мачиме во ситуациите еден на еден против голманот. Создаваме шанси, но не успеваме да постигнеме гол. Бевме казнети за тоа, ја изгубивме самодовербата и беше навистина тешко вечерва. Дефанзивно, работите не беа многу подобри. Премногу сме неконзистентни.
Вечерва се игра вториот дуел од групата меѓу Мелсунген и Висла, додека во последното коло Вардар е домаќин на Мелсунген, а Нант гостува кај Висла.

Македонски

