
Шеикот Мансур бин Зајед Ал Нахјан, сопственик на Манчестер Сити, повторно се најде во центарот на вниманието, откако во јавноста излегоа нови детали за еден од најголемите финансиски скандали во светот!
Додека англискиот фудбалски гигант се соочува со сериозни правни предизвици, во фокусот повторно се најде аферата „1MDB“ – еден од најголемите финансиски скандали во историјата, чии последици ги погодија и луѓето од самиот врв на власта во Абу Даби.

Во центарот на приказната се наоѓа и луксузната суперјахта „Topaz“, долга дури 147 метри, со осум палуби и два хелиодрома. Пловилото, кое своевремено важеше за едно од најимпресивните во светот, се поврзува со трансакции што истражителите ги доведувале во врска со скандалот „1MDB“. Според претходните наоди, повеќе од 160 милиони долари биле наменети за изградбата на јахтата, а трагата на парите водела до компанијата „Oceanus Maritime Limited“.
Јахтата стана симбол на неверојатниот луксуз во периодот кога фудбалската империја на шеикот Мансур била на својот врв. Манчестер Сити во 2012 година првпат ја освоил Премиер-лигата, а две години подоцна, за време на Светското првенство во Бразил, на „Topaz“ биле организирани раскошни забави.

Македонски

