
Eди Рама постави неколку столчиња пред зградата на владата во Тирана, повикувајќи ги демонстрантите на дијалог за нивните барања, на столчињата биле поставени листови хартија со натписот „Дијалог“.
Според тамошните медиуми, Рама лично се погрижил за организацијата на овој настан. Потегот следува по повеќекратните повици на премиерот и неговите министри демонстрантите да изберат дијалог наместо насилни протести.
Рама порача дека е подготвен за разговори без претходни услови, но со тоа стави до знаење дека не го прифаќа барањето на демонстрантите за негова оставка како предуслов за дијалог.
„Кој сака дијалог, без услови, каде сака и кога сака, дури и тука ако сака, јас сум достапен заедно со владата. Единствените што не се добредојдени се оние што вршат насилство и не се оградуваат од него“, изјави Рама.
Тој нагласи дека останува отворен за сослушување и разгледување на барањата на граѓаните, но истовремено предупреди на строги мерки против лицата што учествуваат во насилни инциденти.

Македонски

