
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.
Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.
Како што и досега имам изјавувано – државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, додаде министерот во објавата.

Македонски

