
Кошаркарот на Голден Стејт, вориорс, Дрејмонд Грин, очекува лидерот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, да ги освои најпрестижните индивидуални награди во НБА претстојната сезона.
-Најкорисен играч? Би се осмелил да претпоставам дека тоа ќе биде Вембањама. Со неговото влијание врз нападот и одбраната, единственото нешто што би можело да го спречи да ја освои наградата за МВП оваа сезона е повреда. Во спротивно, мислам дека ќе ја освои наградата. Впрочем, очекувам дека ќе ги освои обете награди оваа сезона – МВП и најдобар одбранбен играч. Нешто слично веќе се наѕираше кон крајот на минатата сезона. И луѓето нема да го заборават тоа, го сподели Грин своето предвидување.
Сан Антонио на 21 октомври ќе ја пречека Оклахома во својот прв настап во НБА-лигата сезона 2026/27.

Македонски

