Skip to main content
f3cDAXZlfJI

Германските весници за емисијата „5 минути со Чавез“: На Балканот секогаш сме се спасувале со смеа

Германскиот весник „ Berlin morgen“ објави текст посветен на емисијата на „Република“ „ 5 минути со Чавез“. Со наслов „ Смеа во земја што нема време за досада“ весникот пишува за тоа колку хуморот е важен во Македонија и во регионот.

Ние на Балканот секогаш сме се спасувале со хумор, кој го доживеал знае дека тој кај нас не е начин на комуникација туку и стратегија за преживување, коментира авторот на емисијата за „Берлин морген“.

Зошто нашите политичари толку тешко се смеат на своја сметка? Мислам дека не е само до недостиг на хумор. Повеќе е до тоа што тешко признаваат грешка. Шегата за една изјава ја доживуваат како напад врз нив како луѓе. А да се насмееш на сопствениот гаф не значи да се откажеш од своите ставови. Значи само дека си доволно голем да признаеш дека и ти понекогаш грешиш.

Извор „Берлин морген“

Поврзани вести